Од засега непознати причини се запали автобус на охридскиот превозник „Галеб“ на патот Охрид – Кичево.
Нема детали зошто се запалил автобусот, но повредени нема оти бил празен, како што информира СВР Охрид.
Од 21:00 часот на патот Охрид – Кичево, кај Извор, сообраќајот беше во прекин во двата правци за време на интервенцијата на противпожарните служби. Автобусот е целосно изгорен, но возачот успеал да се спаси.
По гаснењето на опожареното возило, сообраќајот е обновен, соопшти АМСМ.