Двајца малолетници се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа околу 22:25 часот се случила во Кисела Вода.
Од МВР информираат дека во несреќата случена на крстосница од ул.„Борис Трајковски“ со ул.„Есенинова“ и ул.„Иван Козаров“, учествувале мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје и автомобил „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(33) од Скопје.
-Во несреќата, малолетен сопатник на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, додека возачот на мопедот се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.