Со „Бисер балкански“ Вардарци го прославија враќањето во Прва лига, а видеото кое кружи по социјалните мрежи прави да се наежи секој Македонец.
Вардар по две години се врати во Првата лига по победата со 3-0 против Скопје во баражот, како круна за една незаборавна и исклучително тешка година со многу проблеми, но со преголем жар и енергија за да се успее, најмногу поради сплотеноста на играчите и најверните навивачи Комитите.
Повеќе од 3.000 вардарови навивачи на трибините, заедно со фудбалерите и стручниот штаб ја пееја „Бисер балкански“, а истата песна може да ја погледнете во продолжение.