Музеите ќе бидат отворени за посетители од 14 мај, додека пак кината на 21 мај, а театрите на 21 мај со намалени капацитети, односно до 50 отсто пополнетост.
Грчката владата започна со постепено укинување на рестриктивните мерки воведени во ноември минатата година и дозволи отворање на поголемиот дел на малите бизниси.
Од 3 мај пак, дозволено е работа на терасите на угостителските објекти. Грција беше силно погодена од третиот бран на коронавирусот, а најголемиот број н асмртни случаи од околу 10 илјади се забележани во последните три месеци.
Во летната сезона Грција ќе дозволи влез на туристи што се вакцинирани и со руската и со кинеската вакцина, потврди грчкиот премиер Киријакос Мицотакис говорејќи во интервју во рамките на конференцијата на „Фајненшл тајмс“ и уште еднаш истакна дека земјата за туристите ќе биде отворена од 15 мај.
Иако Европската комисија има поинаков став за конкретните вакцините, Мицотакис рече дека тие остануваат на позицијата да ги признаат и тоа пред сè се однесува на руската вакцина, поради тоа што очекуваат туристи и од Русија.
За условите под кои ќе може македонските државјани да патуваат во Грција сè не се дефинирани, но се очекува во текот на неделата да се знаат деталите.