Туку, да зборуваме за онаа вистинска реалност која граѓаните ја чувствуваат и која што ја живеат, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по посетата.
– Она коешто денеска го видов на пазарот и она коешто успеав да го расприкажам со пазарџиите е тешкиот и мачен живот, маката којашто натежнала, слабиот промет, се помалку купувачи, бидејќи народот од овој крај се иселува масовно. Сретнав неколкумина кои што ми кажаа дека денеска или утре ќе ги полнат автобусите и заминуваат во Италија, Германија, истакна Мицкоски.
Навистина тешка слика и далеку од она кое што беше говорено за време на предизборието од страна на СДСМ и Зоран Заев, но и од страна на градоначалниците кои овде во истокот пустошат и се гушат во криминал и корупција. Така да една лоша слика.
ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе излезе со јасен план и јасна стратегија како да го врати вистински животот во истокот на Македонија, да успее што повеќе нашинци да ги одврати од желбата да ги напуштат родните домови, затоа што каменот тежи тука, како што кажа еден соговорник на пазарот.
Да инвестираме што е можно повеќе, да отвориме што е можно повеќе добро платени работни места, младите да останат тука затоа што тие се богатството на Македонија и богатството на истокот.
Така што учиме заедно со граѓаните и разговараме, а врз основа на тоа што го учиме сакаме и да создадеме програма која нашите градоначалници во следниот четиригодишен мандат после победата на локалните избори ќе го исполнат и ќе покажат дека можело поинаку и дека не се сите исти, потенцира Мицкоски.