Одбележувањето на годишнината од добивањето на Томосот за афтокефалност на МПЦ –ОА е историски настан со кој се тргнаа сите неправди и понижувања од минатото.Сега отакако сме препознаени како полноправни членови и органи на светата соборна и апостолска црка пред нас е уште една поголема обрска и посвета должност-рече архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан на заедничката свечена литургија со српскиот патријарх Порфириј по повод возобнувањето и прифаќање на афтокефалниот статус на МПЦ што се одржва во Катедралната црква Света Софија.

И во тешките две и пол столетија во неканонското забранување на дејноста на Охридската архиепископја како богољубив народ покажавме дека нашиот однос со Бога е толку длабок, што никакави надворешни историски условиени пречки не можат да го нарушат”-рече ахиепископот на МПЦ, г.г. Стефан.

Секој народ има свој печат кој не е даден за да биде повод за спротивставување, за дистанцирање или за судири, секој народ има некоја своја особеност и сите зборуваат на јазик кој обединува-истакна српскиот патријарх г.г. Порфириј кој чиноначалствуваше на заедничката богослужба.

 Не постoјат повеќе цркви, постои само една света соборна и апостолска првославна црква ,постојат организации и аминистрација епископии, митрополии на афтoкефалните цркви,но секоја афтокефaлна црква е во нераскинлiва врска со сите други помесни цркви”-истакна српскиот Патријарх г.г. Порфириј.

Со одлука на светиот архирејски синод на МПЦ-ОА, срспкиот Патријарх Порфириј беше одликиван со орден на Свети Климент Охридски.

 Одличието орден на Свети Климент Охридски од прв ред се доделува на неговата светост Патријархот Српски г. г. Порфириј за покажана љубов кон македонската православна црква и кон благочестивиот македонски народ,посведочена преку доделување на Томосот за афтокефалност на МПЦ-ОА”-рече Климент,Епископот на Преспанско-пелагониската епархија.

Од денес,официјално МПЦ-ОА и ПОА се обединија во една црква, односно тројцата владици на ПОА, меѓу кои и расчинетиот владика Јован Вранишкоски, кој после 20 години се враќа во редовите на МПЦ.За поделбата на епархиите ќе се одлучува на седница на Синодот по што ќе биде и официјално обајавена.Одукат има, но истата не е верифицирана од страна на целиот Синот,појаснува владиката Тимотеј.Тоа ќе се случи на 20-ти овој месец,неофицијално тројцата владици на МПЦ-ОА кои отстапуваат делови од своите епархии за новите владици се Преспанско-пелагонискиот г. Петар, Кумановско-осоговскиот г. Григориј и Брегалничкиот г. Иларион.