Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација, си го пофали својот зет, кој е шефот на кабинет.

-Министерот Алиу со голема леснотија јавно признава дека како шеф на кабинетот си го вработил зетот, а за него тоа е прво работно место во јавниот сектор. Зетот вели: Во приватниот сектор се бара повеќе работа и посветеност… Значи зетот се вработил во јавна администрација затоа што помалку се работи? – пишува порталот ДенесИнфо.

На оваа тема се огласи новинарот Фуркан Салиу.

-Кога го вработуваш зетот во јавна институција каде што зима плата од граѓаните само затоа што ти е зет а не поради професионалната подготвеност и искуство и ич не ти гајле, напиша тој.

Министерот како на шега, но воопшто не е за смеење, истакнува дека зет му е тука да го брани, а двајцата земаат пари од џебот на народот.

„Зет ми е, нема што да прави, мора да ме брани“ – вели тој.