Украинската армија ја демантираше веста објавена од NBC News дека започнале контраофанзива против руските сили.
– Немаме такви информации. И ние не коментираме анонимни извори – изјави портпаролот на Генералштабот на украинските вооружени сили.
Претходно, NBC News објави, повикувајќи се на висок офицер и војник во близина на првите борбени линии, кои зборуваа под услов да останат анонимни, дека украинската војска ја започнала долгоочекуваната контраофанзива.
По неколкумесечниот напредок во украинската воена кампања, што може да се покаже како одлучувачки во намерите на Киев да ја врати окупираната територија, нов бран напади е насочен кон југоисточните линии на фронтот, пренесува NBC News.
Украинската влада досега соопшти дека нема да има јавна најава за почетокот на офанзивата, а портпаролот на украинската војска одби да ги коментира тековните воени операции.