Движењето „Европа сега“ е победник на вонредните парламентарни избори во Црна Гора со 25,5 проценти освоени гласови, според првичните резултати што ги објави Центарот за мониторинг и истражување на основа на 72 отсто обработени податоци. Втора е колаицијата „Заедно“ со 23,5 отсто а на трето место е „За иднината на Црна Гора“ со 15,1 насто.
Веројатно е дека нема да има јасна победа и формирање стабилна влада која ќе го одмрзне процесот на интеграција во Европската унија, и ќе го забрза патот кон членство во унијата.
Ка изборите учествуваа 15 партии и коалиции. Сепак, сенка врз изборите фрли апсењето на јужно-корејскиот крипто крал, До Квон, кој е осомничен за проневера на дури 40 милијарди долари, со пропаѓањето на неговата крипто валута Тераформ лабс, бидејќи актуелниот премиер Дритан Абазовиќ, го обвини Спајиќ, лидерот на „Европа сега“, дека имал бизнис-зделки со Квон. Спајиќ, пак, го обвини Абазовиќ за политички прогон, и злоупотреба на државните институции плашејќи се од губење на власта