Очигледно СДС многу повеќе се занимава со производство на лажни вести поврзани со уставните измени, отколку што се занимава со решавање на економските проблеми во државата, рече на денешната прес конференција потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска.
За Ковачевски приоритет е да ја убедува јавноста во лажната вест дека ВМРО-ДПМНЕ наводно прифаќа уставни измени под бугарски диктат од тоа да се одглават евроинтегративните процеси и заштити националното достоинство на народот и државата.
За СДС поважни се лагите од среќата и напредокот на народот.
Тоа што СДС е принудена да лаже за уставните измени, да шири паника и очај е најдоброто признание дека СДС нема никаков поинаков план освен да турка уставни измени под бугарски диктат што значат капитулација на државата.
Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ опфаќаат начини како да се дојде до забрзана европска интеграција, ДУИ да оди во опозициjа по двецениски грабеж и да се зачува достоинството на државата.
ВМРО-ДПМНЕ предлага одложено дејство на уставните измени кои ќе бидат ефективни после завршување на преговорите со ЕУ и влез на Македонија во Европската Унија. На тој начин притисокот е кај другата страна, и ова ќе биде гаранција дека нема Бугарија да ја кочи државата на патот кон ЕУ.
Одложеното дејствo на уставните измени не е кршење на преговарачката рамка, туку напротив ќе се гарантира дека ќе нема дополнителни уставни и идентитетски отстапки.
Првиот предлог е формирање на преодна влада без ДУИ, измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ,
Вториот предлог е избори, гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур и измени од влада без ДУИ поддржана од опозицијата.
Наспроти разум, власта нуди лаги.
Ковачевски против Ковачевски. Ковачески рекол, Ковачевски порекол. Прво кажа дека лидерската средба е неуспешна, дека нема отстапли, потоа лаже дека има одговор и лаже дека уставните измени се прифатени. Згора на тоа формирал и работни групи.
Очигледно Ковачевски ќе направи се за да ги спаси ДУИ да оди во опозиција.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. БЕЗ ОДЛОЖУВАЊЕ да кажат кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за Димитар Ковачевски, овој пат очекуваме одговор без лаги и спинови, додава Димитриеска Кочоска.