„Пеколниот план на Ковачевски, Зечевиќ, Заев и Ахмети е никогаш да не ги стават на гласање уставните измени“, вели Љупчо Златев во денешното издание на „Еспресо со Златев и Боцевски“ и додава дека намерно се создава хистерија од останатите опозициски партии дека ВМРО-ДПМНЕ е спремна да гласа за да се внесат Бугарите во Уставот.

Не стивнуваат коментарите по лидерската средба, а јавноста ја толкува својата перцепција по отстапките кои се најавени од најголемите две политичките партии. Токму ова беше темата на нашата утринска емисија ова утро „ каде се зборуваше за идните можни сценарија, каква е позицијата на ВМРО-ДПМНЕ, но и што и како прават останатите опозициски партии и дали соработуваат со СДСМ.

Пеколниот план се трудевме да го најдеме и сега можам да кажам. Пеколниот план на Ковачевски, Зечевиќ, Заев и Ахмети е никогаш да не ги стават на гласање уставните измени до парламентарните избори и да повторуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифатило измените, вели Златев.

Не ја пропуштајте целата емисија која ќе го задржи вашето внимание до самиот крај. Делот за „пеколниот план“ започнува околу 33 минута.