„Ќе го поздравам чекорот на Христијан Мицкоски за прифаќање на уставните измени, бидејќи долго време бевме заложници на приказни за бугаризација, асимилација, ширење хистерија. Можеби се освестил човекот и елитата во ВМРО-ДПМНЕ дека направија расцеп во македонското крило“ изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека едната стратешка цел, членството во НАТО е остварена поради лидерството на СДСМ, а сега е на ред и остварување на членството во ЕУ.
„Ние како сериозен партнер во овој заеднички процес, каде што пруживме братски рака за да поделиме министерства, се надеваме дека Мицкоски ќе опстои на кажаните зборови и ги охрабрувам рамо до рамо со СДСМ да направат историски исчекор“ изјави Костовски.
Пратеникот додаде дека ако навистина сме браќа и сестри сите што живееме во Македонија, логично е да се почитуваме и заедно да ја оствариме стратешката цел.