Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пред една година зборуваше дека ќе се бори за промена на околностите во кои треба да се донесат уставните измени, кои во моментов се под бугарски диктат, и со кои би се гарантирала заштитата на македонските интереси.
Првично, Мицкоски побара гаранции од Европската Унија дека тоа ќе биде последното барање и дека понатаму во пристапниот процес и преговорите нема да има кочење или блокади, а дури потоа да се премине на иницијативата за гласање за измена на Устав.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, без кои го нема потребното двотретинско мнозинство, нема да гласаат за измени под околностите во кои се наоѓа државата сега, а кои Мицкоски ги окарактеризира како диктат и ултиматум. Според него, потезите на официјална Софија укажуваат на тоа како ќе тече преговарачкиот процес, бидејќи во ниту еден момент досега не се разговарало за развој, туку за обиди за негација и асимилација.
Ние велиме, наша цел е да бидеме дел од Европската Унија и тоа е наша единствена цел и цел на сите граѓани. Како ќе дојдеме до таа цел, велиме пречка било внесувањето на дел од бугарскиот народ во преамбулата. А, дали македонскиот народ има гаранција дека тоа ќе се случи, ако ова се случи? Нема гаранција. Кога некоја од Европа и од Брисел ќе дојде и кога ќе даде јасна гаранција пред овој македонски народ и пред граѓаните на Македонија, тогаш можеме да седнеме и да разгораме за се. До тогаш, нема промена на преамбулата и нема интервенции во уставот, рече, на 22 октомври минатата година, Христијан Мицкоски.
Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени се додека нема јасна гаранција од Брисел и ЕУ дека земјава ќе влезе во Унијата, без Бугарија постојано да се заканува со ново вето, при што посочи дека е подготвен да седне и со секого да разговара за во Македонија да имаме фер систем каде луѓето нема да напредуваат само затоа што се дел од некаква бројка, туку затоа што вредат, се конкуретни и имаат знаење.
Подготвен сум да седнам да разговарам со секого, но тоа е оној нов договор за Македонија и притоа треба да разговараме и за нормата Бадентер, за нормата балансер, да имаме еден фер систем во Македонија каде што луѓето нема да напредуваат поради тоа што се дел од некаква си бројка, или дел од некаква квота или процент, туку затоа што вредат, затоа што се конкуретни, имаат знаење… Ако ме прашувате за процесот на менување на Преамбулата на Уставот со цел вклучување на делови на народи, па како реакција на тој процес се јавува тој процес, можам да кажам дека е непринципиелно и неевропско, затоа што вие ако верувате во европската агенда како што велат, треба да веруваат безусловно а не со услови, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски и во ноември, минатата година го повтори неговиот и ставот на паријата дека нема уставни измени без гаранции дека Бугарија нема да го кочи процесот и нема да го загрозува македонскиот национален идентитет. Тој рече дека без гаранции за нашата европска иднина, заштитени од идни условувања од Бугарија, уставни измени нема да има.
Повторувам, јасни гаранции за европска иднина на Македонија каде што нема Бугарија да има можности да го кочи тој процес. Без такви јасни гаранции за македонскиот идентитет, македонскиот јазик, уставни измени нема да има. Тоа треба секој да го знае, рече Мицкоски на петти ноември, лани.
Во одбраната на македонскиот национални интереси и промена на условите и околностите за пристапување кон Европската Унија, Мицкоски не го поколеба и не го предомисли дури ниту претседтаелката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. На крајот на октомври минатата година во посета на Скопје претседателката на ЕК, Лајен изјави дека политичарите треба да го остварат сонот на младите да бидат дел од Европската Унија.
ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под постојните услови. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот дека нема да поддржат уставни измени. Мицкоски за време на викендот изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи уставни измени само ако добие гаранции од ЕУ дека земјата ќе влезе во Унијата и дека за време на пристапниот процес, Бугарија нема да стави нови вета, одговорија тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.
Сето ова што го бара Мицкоски не е ништо неостварливо и невозможно. Нема невозможни работи, особено во политиката, но за тоа е потребна волја, желба и макотрпна работа. За жал, во случајот со Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е единствениот кој се бори и сака да се избори за достоинствен пристап на Македонија во европското семејство, со зачувани национални итереси. Додека од друга страна ги имаме владините функционери, на чело со премиерот Димитар Ковачевски, кои се грижат само да не ги изгубат благодетите и привилегиите кои ги нуди власта и се занимаваат со распродавање на македонските националните интереси.