Член на Републиканската гарда, во полна опрема, ја губи свеста додека францускиот претседател Емануел Макрон мирно, насмеано позираше со својот гостин, шефот на државата Мадагаскар, Андриј Разоелин, пред Елисејската палата.
Оваа фотографија го обиколи светот и предизвика голем интерес кај домашните медиуми и негодување на француската опозиција. Макрон е обвинет за бесчувствителност и недостаток на емпатија.
На видеото се гледа како двајца чувари го држат гардистот за да не падне на земја, додека Макрон и Разоелин позираат пред камерите.
Дел од јавноста смета дека претседателот едноставно можно е да не видел што се случува.
Француските медиуми пишуваат дека најверојатно на гардистот му се слошило поради жешкото време.