На 18.06.2023 во 02:10 часот во Гостивар од полициски службеници е приведен Ј.С.(24) од Гостивар затоа што, според пријавеното, околу 01:45 часот во близина на угостителски објект во Гостивар учествувал во нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале неколку лица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.