Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала ја потресе Романија, недалеку од границата со Србија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Таргу Зиу во Романија, кој е на 100 километри од Кладово.

Земјотресот е лоциран на длабочина од 10 километри.

Локалните медиуми пренесуваат сведоштва на граѓани кои велат дека почувствувале тресење, а јавуваат дека силно тресење се почувствувало и на истокот на Србија.