Тројца прилепчани вчера попладне се здобиле со повреди откако пред Железничка станица „Гостиражни“ прилепско, во нивното возило удрил товарен воз, соопшти Министерството за вантрешни работи.
„Вчера во 17.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патен премин, пред Железничка станица ‘Гостиражни’, прилепско, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Велес – Прилеп и патничко возило ‘фолксваген поло’ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(24) од Прилеп. Во незгодата, возачот А.И. и неговите сопатници Н.Н.(19) од Прилеп и А.Н.(51) од с.Црнилиште, прилепско, биле пренесени во Градска болница Прилеп, каде им биле констатирани повреди“, соопшри МВР
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.