САД го откри, a македонските институции го премолчуваат криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ. САД го прогласи Рамиз Мерко, градоначалник од ДУИ за персона нон грата во САД. Ова важи и за неговото семејство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Рамиз Мерко е на црната листа бидејќи бил вмешан во значителна корупција, влијаел на судски процеси и злоупотребувал фондови нотираат од Стејт Департментот.
Мерко сам не можел да влијае на судски процеси без поддршка од другите владини функционери на ДУИ и СДС. Прашањето е во колку од овие криминални процеси се вмешани и други лица од ДУИ?
САД потврди дека ДУИ е криминална.
Сите ја гледаат корупцијата во ДУИ, само Димитар Ковачевски и СДС не ја гледаат.
ДУИ мора да оди во опозиција. ДУИ мора да расчисти со криминалот во нивните структури.
ВМРО-ДПМНЕ постојано алармираше за коруптивните и криминални афери и скандали поврзани со високи владини функционери, но институциите се во спрега со СДС и ДУИ.
Бараме сериозна реакција од институциите, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.