ПОДГОРИЦА – Премиерот на црногорската влада во заминување во технички мандат, Дритан Абазовиќ, денеска изјави дека нема ништо против самите демократи да преговараат за влез во идната влада.
„Немам ништо против демократите сами да преговараат“, рече Абазовиќ, чиј ГП Ура учествуваше на изборите во коалиција со демократите.
Зборувајќи за формирањето на владата, Абазовиќ пред новинарите изјави дека „среќа има тој што ќе собере мнозинство“.
Тој додаде дека имал фер преговори со демократите и по вонредните парламентарни избори, јавуваат подгоричките медиуми.
Државната изборна комисија претходно соопшти дека конечните изборни резултати нема да бидат објавени до крајниот рок, 26 јуни, поради жалби.
По објавувањето на конечните изборни резултати, следува конституирање на Парламентот на Црна Гора, а потоа тече рокот за избор на мандатот, јавува Танјуг.
ПЕС, кој според првичните изборни резултати освои најмногу пратенички мандати, пред изборите најави дека нема да формира влада со ДПС и ГП Ур.