Кевин Спејси денес ќе седне на обвинителна клупа во Велика Британија. Ќе му се суди за злоставување на четири мажи. Оскаровецот претходно ги отфрли обвиненијата за сексуален и непристоен напад, а судот денес ќе ги сослуша тужителите и нивните обвиненија за настаните кои се случиле од 2001 до 2013 година.
Спејси во јануари се изјасни дека не е виновен по три точки од обвиненијата за непристоен напад, три точки за сексуален напад и една точка за наведување на лице да се впушти во сексуални активности без согласност. Двократниот добитник на Оскар, претходно отфрли и четири обвиненија.
Глумецот беше ослободен од обвинението дека го нападнал колегата Ентони Реп, кој во времето на наводниот напад имал само 14 години. И двајцата биле непознати уметници од претстава на Бродвеј.
Ентони тврди дека нападот се одиграл кога имал само 14 години, а потоа поротата по 90 минути донела заклучок дека немиот настан никогаш се немал случено. Кога слушна дека Спејси е слободен, Ентони ја спуштил главата и ги прегрна адвокатите. Не даде никакви коментари за медиумите.