Во текот на вчерашниот ден (27.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 294 возачи.
Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа, 171 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 123 надвор од населено место.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.