Претседателот Стево Пендаровски го изрази својот став за вчерашното вперување на прст од страна на амбасадорот Георг Вуцас кон македонското прасудство, за заштита на фирма на сопругот на братучетка на експремиерот Зоран Заев, пренесува 24.мк.
Обајавата на австриската амбасада во која детално се навлегува во судски процес за должничко-доверителски работи на две приватни фирми и повик за разрешување на обвинители и судии не е мешање во внатрешни работи на Македонија.
– Не станува збор за мешање во внатрешни работи. Станува збор за легитимна обврска на секој амбасадор. И нашите амбасадори кои се надвор и ја претставуваат нашава држава, имаат обврска да ги штитат интересите и на приватните бизниси на нашите граѓани во странство, не само на институциите на државата која ја претставуваат. Видовме реакција во текот на вчерашниот ден и од поранешниот премиер, кој упати на институционална разврска, така што очекувам македонските институции, кои се единствено надлежни во вакви случаи, да утврдат дали навистина како што тврди амбасадорот имало непочитување на меѓународна арбитража, изјави претседателот Пендаровски
Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, вчера во отворено писмо до медиумите насловено „Што ќе надвладее? Владеење на правотот и заштита на австриски инвестиции во Северна Македонија или криминални договори за заробување на судството и правните службеници“ обвини дека фирмите ДЕНА и ГЛОБАЛ ги заробиле судството и службениците (извршителите и нотари) во случајот со австриската инвестиција во земјава на AMMA Import Export GmbH (AMMA), со седиште во Хоенемс, Австрија и повика „да се отстранат сите неспособни и пристрасни судии и обвинителите во овие случаи“.
Амбасадорот Вуцас посочи конкретни суми и имиња на фирми и личности. Обвинија дека компанијата на сопруг на братучедка на експремиерот Зоран Заев е должникот за кој судскиот процес бил одолговлекуван, а за што побараа смена на судии и обвинители. Побаравме но до овбој момет не одбивме одговор на прашањата, дали амбасадата и Вуцас ќе се извинат на Заев, како што побара екс премерот и дали се подготвени за тужбата која тој ја најави.
Обвинителство пак се иззема од одговорност. Во 2021 година примиле пријава од австриската фирма, но констатирале дека нема елементи на кривични дела, туку елементи на граѓанско-правен однос за кој веќе се водел арбитражен спор во Виена.
„Во меѓувреме, истото правно лице поднесе пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за кривично дело – Оштетување или повластување на доверители. Пријавата е примена на 26.05.2023 година и надлежниот јавен обвинител веќе постапува, прибира докази, а по потреба ќе нареди и соодветни вештачења.“ – велат од Основното јавно обвинителство.
Кривична пријава австриците поднеле и против лица вработени во Агенцијата за катастар пред пет дена, предмет по кој обвинителите велат дека постапуваат. Јавноста со поделени мислења. Дел од експертите сметаат дека со барањето за разрешувања на судии и обвинители, австрискиот амбасадор се замашал во внатрешните работи на Македонија.
Се огласи судскиот совет. Го разгледувале соопштението и според нив поголем број од наводите биле забелешки кон обвинителство, а само еден за Основниот суд во Гевгелија. И овојпат велат дека ќе ги проверат наводите, но не преку комисија, туку преку координаторите на гевгелискиот суд и скопската апелација, со увид во списите на предметот и дејствијата кои се преземени, бидејќи имало обвинувања за надворешни влијанија.
„Членовите на Советот на работен состанок констатираа дека поголемиот дел од наводите се однесуваат на незадоволство од постапувањето на Јавното обвинителство, а во еден дел се споменува и трговски спор, кој се води пред Основниот суд во Гевгелија, кој е во тек.“ – велат од Судскиот совет.