Момчето-убиец што на 3 мај изврши страшен масакр во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и уби девет соученици и училишниот чувар, веќе речиси два месеци е на Клиниката за деца и млади за невропсихијатрија, на специјално одделение. Лекарите кои во контакт со Коста, во најмала рака не престануваат да се изненадуваат од неговото однесување.
На Клиниката за невропсихијатрија за деца и младинци, во изминатите два месеци биле извршени различни психолошки прегледи со цел експертите да се обидат да навлезат во умот на момчето-убиец, меѓу другото да се обидат да разберат што го мотивирало да изврши страшно злосторство, но и дали давал знаци кои требало да ги забележат луѓето од неговата најблиска околина.
Сепак, како што објавува Блиц.рс, лекарите кои имале контакт со момчето биле многу повеќе шокирани од неговото секојдневно однесување. А посебен впечаток им оставиле пет работи.
Факт1: Не покажува каење
Откако бил однесен на Клиниката за детска и адолесцентна невропсихијатрија, момчето-убиец не покажувало знаци на каење за стореното дело, иако одзело животи.
Според теоријата на Зигмунд Фројд, суперегото е етичка компонента на нечија личност која му дава морални стандарди врз основа на кои се однесува. Суперегото се развива главно во текот на првите пет години од животот на детето, како реакција на родителското казнување или одобрување. Притоа, детето ги апсорбира моралните стандарди на родителите, традициите на семејството и општеството во кое расте и во него се формира суперего кое ја контролира агресијата и другите општествено непожелни импулси.
Кога детето има соодветно развиено суперего, тој чувствува вина или вознемиреност кога ги прекршува етичките стандарди поставени од неговото суперего и има потреба да се искупи за своите грешки. Ништо од тоа не постои кај Коста.
Факт 2: Родителите не го интересираат
Момчето-убиец од самиот почеток не барал никаков контакт со родителите, туку само се распрашувал за нив во насока на тоа дали ќе го „извлечат“ од таа институција. Добро запознаен извор на „Блиц“ со случајот претходно истакна дека во сите постапки на момчето-убиец е фрапантно тоа што се грижи само за себе.
– Не покажува емпатија и грижа кон родителите и семејството, освен ако тоа не е директно поврзано со неговата удобност. На пример, прашува кога неговото семејство ќе направи нешто (за неговото ослободување). Очигледно, тој не го планирал овој исход, дека ќе биде во институција, туку дека веднаш ќе биде ослободен (бидејќи за време на убиствата имал неполни 14 години и според српските закони не може кривично да одговара за стореното кривично дело) – рече изворот.
Сè уште не се знае само врската со неговата помлада, десетгодишна сестра, со која делел соба и го поминувал поголемиот дел од времето, а тоа властите треба да го откријат откако ќе биде испрашувана и таа.
Факт 3: Тој бара да биде ослободен
Изворот на „Блиц“, опишувајќи ја состојбата на момчето само неколку дена по масакрот, изјави дека момчето-убиец мисли и се однесува како да е само прашање на време кога ќе биде пуштен од Клиниката, , кога ќе биде слободен. Како што пишува „Блиц“, момчето-убиец очигледно бил убеден дека тоа требало да се случи во првите неколку дена, а како што претходно беше обелоденето, во текот на истрагата било утврдено дека детално истражувал дали и како може да биде казнет.
Но, бидејќи шанси да биде пуштен на слобода речиси и да ги нема, Коста почнал секојдневно да бара да биде пуштен, бидејќи тврди дека „повеќе нема причина да остане во болница“.
Факт 4: Тврди дека е „сосема нормален“
Ова тринаесетгодишно момче секојдневно го поставува прашањето „дали излегувам денес“, а како што поминува времето и сфаќа дека нема тоа да се случи, почнал да инсистира на одговорот зошто е во институција кога „се е во ред“ со него и зошто е затворен „кога е нормален“.
Меѓутоа, во последно време Коста почнал да покажува низа промени во однесувањето. Лежењето и релаксацијата ги заменил со шетање низ собата и делот од установата каде што е сместен. Почнал бурно да реагира на мали, речиси безначајни причини или дури и без причина.
– Покажува нервоза со зборови и движења, се почести прашања и барања. Но, секогаш се се врти околу него и сите прашања што ги поставува се поврзани исклучиво со него и неговата удобност. Не го интересираат луѓе од надворешниот свет. Неговата нервоза не е поврзана со каење за масовното убиство. Се интересира само за себе – вели изворот на Блиц.
Но, и покрај тоа што уверува дека со него „се е во ред“, лекарите се сигурни дека постои опасност да се повтори истиот, сличен или уште побрутален чин.
Факт 5: Тој верува дека е популарен
Лекарите кои секојдневно се во контакт со него биле особено шокирани што од првиот ден кога тој дошол на Клиниката се интересирал за реакцијата на јавноста за неговото страшно злосторство и реакциите во училиштето „Владислав Рибникар“, како и како надвор од него.
Евидентно е дека промената во неговото однесување во последните недели се случила, меѓу другото, и затоа што сфатил дека не станал никаков херој или спасител како што можеби мислел во еден момент.