Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против В.А. (23) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторени три кривични дела „измама“ во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.
На 26.05.2023 пријавениот, со цел да прибави за себе противправна имотна корист, го довел во заблуда Д.Ј. од с.Блатец, виничко, и од него прибавил фотографии и лични документи, по што на 05.06.2023, злоупотребувајќи ги личните податоци на оштетениот, од различни финансиски друштва подигнал брзи кредити во вредност од 75.000 денари и ги ставил на банкарска сметка на име на Д.Ј., а потоа направил трансакција во правно лице, објави МВР.