Бегалец од затвор денеска бил приведен од страна на полициски службеници, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
– Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка во центарот на Скопје го приведоа 31-годишниот скопјанец С.А., кој бил баран со потерница по наредба од КПУ „Идризово“ поради бегство од затворот. С.А. е осуден на казна затвор од 6 години и 6 месеци во врска со член 236 од КЗ, а за доиздржување му преостануваат 2 години, 8 месеци и 21 ден, се појаснува во соопштението.
Лицето ќе биде предадено на КПУ „Идризово“.