Силната партизација на правосудниот систем во целина, службите за безбедност и другите институции задолжени за борба против криминалот, како и администрацијата, само ги зајакна перформансите на командното општество, пренесува Канал 5.
Во суштина партиите на власт СДСМ И ДУИ, односно лидерите на овие две партии Ковачевски и Ахмети одлучуваат за сѐ, затоа имаме колапс на државата и државните институции, целосна криминализација и отсуство на каква било одговорност и неселективна борба против криминалот.
Уставот, но и повеќе системски закони, само ја зајакнаа партократијата во државата, не функционира имунолошкиот систем бидејќи е партизиран и секогаш се чека команда од лидерите на владеачките партии кои се „најпаметните“ при што резултатот е законите да не важат подеднакво за сите, а уште помалку да се воспостави систем на владеење на правото.
За седум години не е спроведена ниту една реформа, само најави, манипулации, меѓусебни напади и популизам.
Повиците на меѓународната заедница вклучително и на САД, само го амортизираат гневот и незадоволството на граѓаните, но власта не трепнува, таа критиката ја смета за поддршка.
Криминалот го загрозува опстанокот на државата, но нема независни институции кои ќе ја почнат таа борба.
Затоа, наместо пребројување за уставни промени ни треба исчекор и 61 пратеник за самораспуштање на Парламентот и демократски избори.
Да не губиме време, да го направиме тоa, пишува во соопштението на Демократскиот сојуз.