Поранешниот претседател на Србија, Милан Милутиновиќ, почина на 81-годишна возраст. Веста за неговата смрт на Инстаграм ја објави шефот на срската дипломатија и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ.

Милан Милутиновиќ беше претседател на Србија од 1997 до 2002 година. По завршувањето на неговиот претседателски мандат, во декември 2002 година, тој се предаде на Хашкиот трибунал, каде што беше обвинет за воени злосторства за време на конфликтот во Косово и Метохија.

На 26 февруари 2009 година, беше ослободен и прогласен за невин по сите обвиненија. Милутиновиќ претходно беше републички секретар за образование и наука на Србија од 1977 до 1982 година, амбасадор на Југославија во Грција од 1989 до 1995 година и сојузен министер за надворешни работи од 1995 до 1997 година.

Роден е во Белград во 1942 година, каде завршил основно училиште и гимназија, а дипломирал во 1965 година на Правниот факултет во Белград.