Машката ракометна репрезентација на Германија славеше против Унгарија со 30-23 во финалето на Светското првенство (СП) за ракометари до 21 година.
Германците во првото полувреме беа подобар противник и на паузата заминаа со 14-11, а во вториот дел продолжија со доминацијата и славеа со 30-23.
Јустус Фишер беше најдобар во германскиот состав со шест голови, додека Ерханд Сиса постигна пет гола за Унгарија.
Исланд во битката за трето место славеше против Србија со 27-23, а најефикасен беше Лео Гунарсон Торстен кој постигна осум гола.