Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, преку статус на Фејсбук му се обрати на министерот за земјоделство тврдејќи дека додека на државен трошок глуми туроператор, нема цени за житото во ек на жетва, земјоделството е во пламен.
„Се прошетал до Рим и освен што потрошил државни пари, што постигнал за македонското земјоделство ⁉️Аполутно ништо‼️
Го начекал во некој ходник министеров на Азербејџан и го лажел за успешна консолидација ❗️Брука ‼️
Абре Љупчо престани да глумиш туроператор сврти се дома , жетвата е во тек нема цени нема откуп на житото, земјоделството е во “пламен” а тебе ти е до шетање.
ПС: Патичиња си купи ли❓“, стои во неговиот пост на Фејсбук.