Ја разбираме задачата на Стевчо Јакимовски која пред се е мотивирана од концесиите кон ДУИ и кон таткото и синот Ковачевски и сега има мисија да шири невистини, измислици и лаги кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Тоа што го збори Стевчо Јакимовски е тоа што му наредил тандемот Ковачевски. Тоа е и причината зошто Јакимовски после 6 години власт на СДС и ДУИ и украдени милијарди збори за ВМРО-ДПМНЕ, а не за она што е изворот на проблемите во државата.
Ако е толку убеден Јакимовски во тоа што го збори следниот пат наместо во прашална форма нека оди во потврдна форма за да може да се докаже вистината пред судовите.
Навистина е срамен крајот на Јакимовски кој на тие години одлучи да се спушти толку ниско да биде измеќар на синот и таткото Ковачевски, што секако е жално за гледање, стои во партиската реакција.