На 05.07.2023 во 13:15 часот Л.М.(48) од Скопје пријавил дека во с.Арачиново, скопско, додека со неговите колеги А.С.(35) од Скопје и Х.Х.(54) од Тетово извршувале работни задачи за фирма во која се вработени, биле физички нападнати од две лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.