При денешната посета на општина Карбинци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што Миле Јанакиески започна со ефективен притвор а од СДС велат дека се испорачува правдата истакна дека за да правдата се испорача треба на седница на влада да дојдат МВР и сите комплетно да ги однесат во Идризово, даде поддршка до семејството на Миле Јанакиевски и порача дека уште во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има одговорност за сите оние кои што нанесоа неправда.

„За да правдата се испорача треба на седница на влада да дојдат МВР и луѓето кои што треба да ја спроведуваат правдата и комплетно сите од првиот до последниот да ги соберат и да ги однесат во Идризово. За да видиме навистина правда. Она што му се случува на Миле Јанакиевски е се, само не е правда односно целосна неправда, кога и треба на криминалната влада на ДУИ и СДСМ некаков дефокус кога треба да се заврти вниманието на јавноста наместо да ги коментира нивните криминал и корупција, тие тога посегнуваат по Миле и повторно се случува нешто поврзано со Миле како што е ова што сега тие го направија. Апсолутно целосно поддршка моја лична до семејството, јас знам дека Миле е храбар човек, и ќе издржи, о покрај оваа тортура на семејството што му се случува, но овие луѓе кои што ова му го прават на Миле на семејството на Миле, но и на сите оние семејства кои што денеска се жртви на оваа криминална влада на ДУИ и СДСМ, тука се и луѓето кои што се дел од 27 април, и многумина други сега да не ги споменувам, ќе треба одговараат сите оние кои што ја донесоа оваа неправда кон овие луѓе уште во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Мицкоски.