Ковачевски и Меџити ги навредуваат и омаловажуваат болните од цистична фиброза, наместо да им набават лекови ги етикетираат, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за здравство Меџити, наместо да застане во одбрана на болните од цистична фиброза, тој нападна еден од нив, кој преку пораки во медиумите очигледно заборавен од системот праќа порака за реакција на власта. Болните од цистична фиброза имаат потреба од грижата на владата за нив, а не од понижувања од нејзините претставници. Власта вети дека ќе го реши проблемот, но проблемот со нефостаток на лекот Трикафта не е решен, болните се уште мака мачат, истакнуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Владата троши милиони на секакви криминални тендери, само нема пари за потребите на народот. Затоа се потребни промени, додаваат од опозициската партија.