Противењето на опозицијата не се однесува на Бугарите во Македонија, туку на мешањето на Бугарија. Бугарите во Македонија, без разлика дали се македонски Бугари, или доселени од Источна Србија или Бугарија, мнозинството не се како Пендиков, криминалец инструмент во рацете на Софија, како Николас Константинидис или Кољо Дијамантот, инструмент во рацете на Атина, туку се вредни и лојални граѓани на Македонија. За тие Бугари, вредни и лојални граѓани на Македонија, вреди да се бара решение.
ВМРО-ДПМНЕ не е против „Бугарите во Уставот“, туку е против „Бугарите во Уставот“ со уцена и диктат од Бугарија, вели Сашо Клековски, извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за весникот ВЕЧЕР.
Клековски, во интервјуто, зборува за можните сценарија за Македонија доколку уставните измени не се донесат, како и евентуалните решенија кои може да значат излез од актуелната статус-кво ситуација.
Целото интервју на овој ЛИНК