СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Х.(59) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „демнење“.
На 05.05.2023 во близина на Саат џамија во Тетово, пријавениот со патничко возило „мерцедес“ следел малолетничка и ѝ понудил пари за да влезе во неговото возило.