Повторно одложено судското рочиште за Пендиков. Обвинетиот Илија Спасески не се појави во судот бидејќи се разболел, неговиот адвокат Димитрија Цобoски со медицинска документација го правдаше отсуството и побара да му се врати и патната исправа која му е одземена поради опасност од бегство. Пендиков, кој во Охрид доаѓа вторпат откако се лекуваше во Софија и откако доби бугарски пасош, повторно најави дека добива закани на социјалните мрежи и не се чуствува безбедно.
На прашање дали тој се знае лично со обвинетиот, Пендиков не доби шанса да одговори бидејќи неговиот адвокат не му дозволи. Тој рече дека сè што треба да се знае за случајот, Пендиков ќе каже пред судот на следното рочиште.
Адвокатот на Христијан Пендиков Камишевски истакна дека отсуството на Спасески кажува многу за случајот и побара одбраната да не наоѓа изговори.
Пендиков денеска се враќа во Софија бидејќи сеуште му траело лекувањето а следното рочиште е закажано за 21 септември.
Инаку инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19-ти јануари во кафе-бар на Кејот на Охридското Езеро. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје.