„Момчето со картоните“ Кристијан Станковски познат како „Бомбакис“ наскоро ќе стане татко. Оваа среќна вест тој ја објави на својот фејсбук профил и се заблагодари на својата жена со која неодажна се венчаше.
„Најдобриот „картон“ што сум го држел во животов. Најдоброто нешто што ми се случило во животов. После сите турбуленции, фала ти Господе. Фала ти Вики што си ми најголема поддршка и животов“, напиша Бомбакис.
Бомбакис минатиот месец се ожени со неговата девојка Вики.