Димитар Ковачевски на владина седница по наредба на ДУИ, а на штета на здравјето на граѓаните донел одлука за спојување на двете концесиите за експлоатација на бакар и злато за рудникот Иловица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Имено, Назиф Дестани кој важи за близок до високи владини функционери од ДУИ, е основач на компанијата „Еколог“, преку својата фирма во Холандија вложил дури три милиони долари во акции од компанијата „Еуромакс рисорсес“, чија цел е всушност отварањето на рудник на бакар и злато во струмичко.
Димитар Ковачевски е само слуга на ДУИ.
Се што ќе побара ДУИ, Ковачевски исполнува.
Уште една лага на СДС е разобличена. Владата на СДС дојде на власт со ветување дека глас за СДС е глас за чиста и здрава животна средина, а сега на штета на здравјето на граѓаните носат одлука за спојување на концесиите.
До кога Ковачевски само за да опстои на власт ќе прифаќа се што му е наредено од ДУИ?
Дали желбата за власт на СДС и ДУИ е поважна од здравјето на граѓаните и чистата животна средина?
ДУИ се зелени само декларативно на хартија, но не и кога станува збор за лични интереси и остварување на профити.
Впрочем, и лагата на министерката за животна средина Каја Шукова дека ќе присуствува на утрешниот протест е само обид за замајување одд лагите и манипулациите и замачкување на очите на јавноста.
Доколку навистина Шукова, Ковачевски и СДС го слушаа мислењето и им беше важно здравјето на граѓаните немаше на владина седница да донесат одлука за отворање на рудникот Иловица.
Наместо да собираат политички поени, време е Ковачевски и СДС да го слушнат мислењето на народот на предвремени парламентарни избори, додаваат од партијата.