Почитувани во рамки на акцијата што ја организира Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ „Иднина за сите во Македонија“ која што претстатвува еден процес на пишување и создавање на една младинска платформа, младинска програма на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со претседателот на републичката комисија за здравство на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Љубомир Ивчев во Кавадарци се сретнавме со едно здружение за бубрежно болни каде што се сретнавме со повеќе млади луѓе, повеќе здравствени работници, за кои разговаравме за здравствените политики во Република Македонија, истакна претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Попов се осврна на состојбите во здравството каде потенцираше дека здравството во Република Македонија се распаѓа и дека младите лекари по добивањето на дипломата веднаш си заминуваат од земјата.
-Здравството во Република Македонија ни се распаѓа, за тоа доказ се и лошите здравствени услуги кои ги добиваат сите граѓани, како и преголемиот и алармантен одлив на млади мозоци од Република Македонија односно младите лекари ја добиваат дипломата и веднаш заминуваат да работат дури и како кленери во некоја од соседните земји, рече Попов.
Попов заклучи дека на сето ова мора да се стави крај и додаде:
-Тим предводен од д-р Љубомир Ивчев работи на содзавање проекти, мерки кои ќе помогнат во сузбивање на оваа катастрофална состојба која што владее во македонското здравство.
Д-р Љубомир Ивчев порача дека во текот на дискусијата споделувале искуство, давале критики, предлози како и дека се спремаат за отворен саем каде ќе се дадат предлози за проекти со кои што би се подобриле сите овие услови.-Денеска сме собрани овде во Кавадарци заедно со претседателот на унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов да ги дискутираме условите во кои што студираат и работат младите здравствени работници и студентите по медицина во Република Македонија.
Споделувавме искуство, дававме критики, кажувавме за условите, даваме предлози и се спремаме за отворен саем да дадеме наши предлози за проекти со кои што би се подобриле сите овие услови, додаде д-р Ивчев.