Синоќа околу 20 часот на излез од Македонија на граничниот премин Богородица се пријавил автомобил со српски регистарски таблички управувано од српски државјанин. При извршената контрола од страна на царинските службеници во лична ташна на патникот биле пронајдени 47 илјади евра за кои не поседувал соодветен документ за потеклото на парите, информираа од Царинската управа.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот и неговата сопруга-сопатник во возилото им се вратени по 10 илјади евра, износ што странец може слободно да ги изнесе од државата, а останатите 27 илјади евра се привремено задржани. Согласно Законот за девизно работење и Царинскиот закон поднесено е барање за поведување прекршочна постапка“, информираа од Царинската управа.