Европската унија објави дека вовела нови санкции против Иран поради неговата воена поддршка на Русија и Сирија.
ЕУ воспостави „нова рамка за рестриктивни мерки“ со која се забранува извоз во Иран на компоненти кои се користат за изградба и производство на беспилотни летала, се вели во соопштението на Европската унија, пренесува Ројтерс.
Се додава дека Советот на Европската унија одлучи да вклучи шест ирански лица во списокот на санкционирани лица во рамките на двата постојни режими на санкции поврзани со воената поддршка на Иран за руската агресивна војна против Украина (во форма на беспилотни летала) и сирискиот режим (во форма на противвоздушни системи).