Паѓа град со големина на јајце во Србија. Има оштетени фасади на куќи, покриви и автомобили.
„Во следниот час, во областа Златибор (околина Косјериќ и Ужице), како и Расин (околина Крушевац), силен конвективен развој ќе предизвика интензивни врнежи со грмежи, град и силен ветер во зоната на врнежите“, наведуваат синоптичарите.
Град падна и во околината на Алексинац. Погодени се Краљево, Крушевац и Трстеник.
Вчера тројца луѓе загинаа во невремето во Србија. Невреме имаше и во Хрватска. Претходно, невремето ги зафати БиХ, Словенија, Италија.