Владата дозволила Дестани да влезе во Иловица, веднаш потоа институциите ја враќаат и Концесијата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-9 дена откако Дестани влегува во Иловица, Управниот суд ја поништива Одлуката за еднострано раскинување на Концесијата. Дестани влегол во фирма, за што платил, а според закон требал да плати и 7% од висината на Концесијата на име такса, која немала активна Концесија. Ниту Дестани, ниту било која друга фирма нема да влезе во деловен однос каде шансите за успех се 0%, освен ако зад тоа не стои СДС и ДУИ со ветување, велат од партијата.

Од таму додаваат дека откако Дестани влегува во Иловица, не само што е вратена Концесија, туку и се спојувааг Концесиите, а Ковачевски глуми дека ништо не знае, а всушност се знае и најмалку два пати на влада давал согласност поврзано околу влезот на Дестани во Иловица и спојувањето на концесиите.