На 24.07.2023 во 22.05 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на патот Гостивар-с.Вруток, кај с.Равен, С.О.(42) од с.Равен, гостиварско, со престој во Швајцарија, управувајќи мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, информира МВР.

На возачот му биле констатирани тешки телесни повреди во Медицинскиот центар Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.