Во денешното интервју за „Тера“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека уставните измени нема да поминат а есенски избори се единствено решение бидејќи стратегија на власта не се уставните измени туку да го истуркаат мандатот и уште неколку месеци да останат на власт за да поделат уште неколку тендери во четири очи, пренесува Курир.
-Се надевам дека ќе има наесен предвремени парламентарни избори, сепак ние не сме мнозинство во парламентот, уставните измени секако нема да поминат, бидејќи тие ако имаа 80 пратеници, тие и досега ќе ги ставеа уставните измени во парламентот. Нивната цел не е овој процес да го завршат, нивната цел е да го растегнат овој процес, затоа што секој еден ден дополнително надеж, во јавноста, некоја глупава изјава како што беше онаа на Пендаровски, „ако не овој август тогаш следниот септември“, тоа значи уште некој ден повеќе за крадење и тендери во четири очи тоа е нивната стратегија. Не е нивната стратегија дека тие веруваат во некои европски вредности, зошто ако вие верувате во европски вредности тогаш не може да делувате неевропски, и да се занимавате со политички криминал и корупција. Нивната борба не е да поминат уставните измени нивната борба, нивната борба е да помине надежта, дека некогаш ќе има некакви уставни измени за да може да си го истуркаат мандатот до таму некаде пролет, март, април и уште неколку месеци да останат таму каде што се, уште неколку тендери да си поделат во четири очи и тоа нивната политичка филозофија, нагласи Мицкоски.