Времето денеска во утринските чесови ќе биде променливо облачно, во западните делови со локален дожд. Преку денот насекаде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо.

Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови (на повеќе места со брзина над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 28 степени.

Од утре до недела ќе се задржи стабилно време со свежи ноќи и просечна дневна температура.