Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пред стартот на грејната сезона ќе ја носи одлуката за цената по која скопјани ќе ја плаќаат топлинската енергија.
-Поднесените барања за цената се исклучително комплексни затоа што станува збор за година во која имавме миграција на лиценци и прогласена криза состојба. Дополнително цената на гасот драстично варира и предвидливост би била попрецизна кога одлуката би се донела пред грејната сезона, велат од РКЕ за МИА.
Нагласуваат дека е неопходно субвенциите да продолжат за да нема ценовен шок за потрошувачите.
-Енергетскиот сектор по Ковид кризата и по енергетската криза треба да влезе во фаза на стабилизација. Неизвесноста се уште е присутна, но се следи состојбата, порачуваат од РКЕ.
Вообичаено РКЕ одлуката за цената на парното греење во Скопје ја носи до 1 август во тековната година.