Полицијата во Калифорнија оваа недела уапсила жена која била целосно гола и почнала да пука со пиштол на автопат во близина на Сан Франциско, пренесува Фокс.
Госпоѓата прво излегла од автомобилот облечена, им викала на возачите, имала нож во раката, но потоа се вратила во автомобилот.
Но, тоа беше само почеток.
Возела уште малку, а потоа го оставила автомобилот како од мајка родена и почнала да пука наоколу, пишува Фокс.
Додаваат и дека таа „целела“ и на други возачи, но дека во инцидентот нема жртви. Кога дошла полицијата, таа прво одбила да го спушти оружјето, но потоа се предомислила и била уапсена.
За почеток, ја однеле во болница за да ја проценат нејзината психичка состојба. Таму ќе помине минимум 72 часа.
– Слушнав истрел. Тогаш ја видов таа жена и сфатив дека има пиштол. Таа пукаше во возачите. Не знаевме што да правиме, само требаше некако да се извлечеме, изјави еден очевидец.