Обвинителството ја прошири истрагата за поранешниот американски претседател Доналд Трамп по новите обвинувања дека извршил притисок врз вработен да ги избрише безбедносните снимки во неговиот дом во Флорида, а кои се поврзани со новите кривични пријави поврзани со наводното криење на класифицирани документи. Обвинението е проширено и кон работникот Карлос Де Оливеира, кој бил ангажиран за одржување во имотот на Трамп во Мар-а-Лаго.
Според обвинителите, на снимката се гледало како се преместуваат незаконски чуваните државни документи. Трамп негира дека сторил нешто лошо и го нарече обвинителот „полуден“. Намерното задржување на информации, според аналитичарите, ја оневозможуваат правдата и ги зголемуваат обвиненијата кон поранешниот претседател.
Против Трамп планирани се и други судски процеси. Напролет треба да започне уште еден судски процес во врска со исплаќањето пари на порно актерката Сторми Даниелс пред претседателските избори во 2016 година во замена за нејзино молчење, Покрај тоа, специјалниот иследник Смит сè уште ја испитува можната кривична одговорност на Трамп за упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година.
Поранешниот американски претседател би можело да се соочи со обвиненија и во сојузната држава Џорџија. Јавното обвинителство во округот Фултон започна истрага за негови обиди и на неговите сојузници да го поништат исходот од изборите во оваа американска сојузна држава. Трамп на крајот на март стана прв поранешен претседател во историјата на САД кој бил обвинет.