Професорката и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова гостува во првата емисија „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија.
Се работи за тн. оставки или симулација на оставки, бидејќи Уставот е јасен секој министер може да поднесе оставка и преку премиерот истата се дсотавува до претседателот на Собранието, а тој веднаш и ги доставува до пратениците и на следната седница се констатираат оставките, рече професорката Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на Вести плус што се емитува на телевизија Канал 5, а коментирајќи ги како што велат од ДУИ условените оставки на нивните министри, кои би се ефектуирале доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена на Уставот.
Според неа нивниот чекор е само „политички маневар“.
Силјановска се осврна и на тоа што значи Бугарија да има нови барања по промената на Уставот на Македонија.
„Преговорите во рамки на тн. историска комисјиа се непресушен извор на барања истото е и во рамки на поглавјата, бидејќи во протоколите ќе дојде израз договореното или не договореното. Значи господар на прстените е Бугарија“, кажа Силјановска.
Прво ќе се прашаат граѓаните дали да се менува Уставот и да се внесат Бугарите, вели Силјановска и додава „јасно е дека ги претставуваме граѓаните, на изборите ќе побараме да кажат што мислат за овие уставни измени, преамбулата не е место каде се гарантираат правата нашиот Устав им гарантира права на сите во член од истиот.“
Според професорката во Македонија не треба да се зборува за дискриминација по етничка основа.
„Дискриминари се оние кои плаќаат или не плаќаат струја. Во Македонија се дикриминари граѓаните како поединци. Крајно време е да го ставиме акцентот на стручнот и компетентност и сите ќе останат тука никој нема да си оди од Македонија“, вели Силјановска.
На Македонија, укажува таа, најмногу и е важно владеењето на правото.
„Во сите устави има други во смисла на народи, и кај нас во Уставот има дел кој вели и правата на други и тука се сите и правата им се заштитени со член 48 и амандман 8 од Уставот“, кажа Силјановска.